Author : НУЦК "Никола Јонков Вапцаров" Делчево

Историјат за Разловци и Разловечкото востание

Серија на текстови посветени на одбележувањето на 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание на чие што знаме јасно пишува кои сме и за што се бориме! Уредник на текстови: Кирчо АнастасовФото: Кирчо АнастасовИзвор: Дестинација Делчево(www.destinationdelcevo.mk) СИТЕ АВТОРСКИ ПРАВА ЗАПАЗЕНИ © 2026 Анастасов Кирчо (Дестинација Делчево, www.destinationdelcevo.mk)

Фељтон- 150 Години Разловечко востание (Прв дел: Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во село Разловци- Епицентар на изразен духовно-просветителски живот)

Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во село Разловци е жив споменик на сите случувања во животите на жителите од селото, вклучително и најзначајниот настан Разловечкото востание во 1876 година. По воведувањето на султанските реформи во Отоманската Империја со издавањето на Ѓулханскиот хатишерив во 1839 година, од страна на Султанот Абдул Меџит I на […]

Фељтон- 150 Години Разловечко востание (Втор дел: Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во село Разловци- Монументални фрески на ктиторите на црквата)

Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена била средиште на богат религиски, просветителски и општ јавен живот на Разловчани но и жителите кои гравитирале со векови кон ова населено место и овој етнографски регион на Македонија. Ктиторите на оваа црква имаат свои зографисани фрески на десниот ѕид во внатрешноста на црквата од самата дрвена окована […]

Фељтон- 150 Години Разловечко востание (Трет дел): Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во село Разловци- Историјат

Вовед Сместена во село Разловци, оваа црква покрај верската улога и значење одиграла и улога на историска школа за најразличните револуционерни и останати дејци од овој крај. Податоци за нејзината изградба датираат од 1860 година. Црквата „Свети цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци е изградена во 1850 година, но според мештаните оваа црква […]

Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): Школството и просветителскиот живот во село Разловци во минатото

Со изградбата на црквата “Св. Цар Константин и Царица Елена” во центарот на т.н. (условно кажано) нов дел од селото и под напливот на се поизразената просветителска и преродбеничка дејност на територијата на поширокиот регион во Македонија под Отоманска власт, и во Разловци започнале да се појавуваат напори за вршење на просветителска дејност. Стариот дел од селото Разловци се […]

Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун

СТАНЕТЕ ДА ВИ ОСВОБОДА”- пишува со златни букви на црвено-крвава позадина на две ленти со остри засечени завршетоци. На знамето под кое се бореле и гинеле за својата слобода Македонците од Пијанец и Малеш, има извезан копринен разјарен лав на златно жолта позадина. Овие зборови извезани на знамето на Разловечкото востание и ден денес се […]

Македонското собрание го вклучи јубилејот 150 години Разловечко востание во настани од највисоко државно значење за 2026 година

Законодавниот дом- Македонското собрание во рамки на Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 год. го постави јубилејот за одбележување на 150 години од кревањето на Разловечкото востание како еден од најзначајните настани за 2026 година во Македонија. Собранието на Република Македонија на седницата бр.97 од 8.4.2026 год. ја […]

Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): За Димитар Поп Георгиев Беровски

Димитар Поп Георгиев Беровски е еден од родоначалниците на Македонскиот вооружен отпор против Отоманската империја, чие што значење намерно или ненамерно не е доволно експлоатирано во научната Македонска воена мисла и воопшто во Македонската историографија. Димитар Поп Георгиев Беровски е воен командант, водач и стратег на Разловечкото востание кој што заедно со Поп Стојан кој […]

Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание

Знамето на Разловечкото востание е еден од најгласните историски факти на кое што безрезервно, без никаква дилема јасно и гласно стои напишано името “Македонија”. На лицето на овој историски артефакт името “Македонија” е испишано во политички контекст пред лицето на историјата како симбол на борбата за слобода на разловчани за своја Македонска национална држава. И […]

Scroll to top