Настани

Средба на директорите на културните центри од Делчево и Крива Паланка – чекор кон унапредување на меѓуинституционалната соработка

Директорот на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, г-дин Златко Начoвски, оствари средба и го пречека својот колега, г-дин Сашко Додевски, директор на Националната установа Центар за култура – Крива Паланка, во рамки на неговата работна посета на Делчево. За време на посетата, директорите заеднички присуствуваа на книжевниот портрет на Мира […]

Книжевен портрет на Мира Георгиевска

Во рамките на литературно-поетската манифестација „Вапцaрови бранувања 2026“, во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, се одржа книжевен портрет посветен на поетесата и авторка Мира Георгиевска. Преку разговор за нејзиното творештво, книжевниот пат, инспирацијата и светот што го создава преку пишаниот збор, публиката имаше можност одблизу да се запознае со нејзината авторска личност […]

Отворена изложбата на Решат Амети во НУ Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, синоќа ја отвори ликовната изложба на истакнатиот уметник Решат Амети, автор со значајна меѓународна кариера и богато уметничко творештво. Решат Амети е роден во 1964 година во Гостивар. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а постдипломските студии ги завршил во Приштина. Добитник е на […]

ДЕЛЧЕВО ВО РИТАМОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР – СПЕКТАКАКУЛАРНА ВЕЧЕР СО УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ АНСАМБЛ „МАКЕДОНИЈА“!

Една сцена. Една традиција. Илјадници ритми, чекори и емоции што ја раскажаа приказната за македонската култура. Делчево беше исполнето со моќта на македонскиот фолклор, на спектакуларниот целовечерен концерт на Универзитетскиот ансамбл „Македонија“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Со раскошните македонски носии, извонредните кореографии, виртуозните изведби и неверојатната сценска енергија, ансамблот приреди вистински фолклорен спектакл, […]

Книжевен портрет на Габриела Костадинова

НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во рамките на литературно-поетската манифестација „Вапцарови бранувања 2026“, организираше книжевен портрет посветен на авторката Габриела Костадинова. Преку разговор за нејзиното книжевно творештво, инспирацијата и творечкиот пат, присутните имаа можност поблиску да се запознаат со нејзиниот литературен свет и поетски израз. Со ваквите настани, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево […]

Женската пејачка група „Ѓурѓа“ со успешен настап на „Вечер на македонска хорска класика“ во Штип

Вечерва женската пејачка група “Ѓурѓа” при НУ Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” -Делчево, на покана од НУ Центар за култура “Ацо Шопов” – Штип и Градскиот камерен хор “АСТИБО” – Штип, настапи на “Вечер на Македонска Хорска класика, Штипски автори и Православна духовна ризница”. Успешното претставување пред Штипската публика беше наградено со громогласен аплауз. […]

ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ – „ЧЕКОРИ НИЗ ВРЕМЕТО: ВНАТРЕШНИОТ РИТАМ“

Во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево е поставена изложба на цртежи изработени со графитен молив и моливи во боја од авторката Марина Убавкова. Изложбата, насловена „Чекори низ времето: Внатрешниот ритам“, претставува визуелно патување инспирирано од балетот, кој авторката го доживува како врвна уметност на рамнотежата помеѓу силата и нежноста, болката и возвишеноста. Преку мотивите […]

НИЗ ИСТОРИЈАТА НА РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ – ЕДУКАТИВНА И КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА

Во организација на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров”- Делчево на ден 21.10.2026година се реализираше едукативна и креативна работилница посветена на Спомен домот на Разловечкото Востание и ликот и делото на Димитар Поп Георгиев Беровски. Голема благодарност до ООУ “Св.Климент Охридски”-Делчево и учениците од подрачното училиште во село Разловци, кои учествуваа во реализацијата на оваа работилница. Учениците […]

Литературно поетската манифестација “Вапцарови бранувања”, започна со книжевниот портрет на авторот Далибор Стојанов

На 22.10.2026г. во просториите на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ се одржа книжевен портрет на авторот Далибор Стојанов од Кочани. Пред публиката беа презентирани неговите четири дела, и тоа: „Кај што немо говорат багремите“, „Кога тајно ги мамев чувствата“, „Воин во бессони ноќи“ и „Македонија во стих и спомен“. Во својата презентација, поетот успешно ги опфати […]

„Вапцаровите бранувања 2026“ – книжевен портрет на Далибор Стојанов

НУЦК ,, Никола Јонков Вапцаров “ – Делчево, во склоп на литературно поетската манифестација Вапцарови бранувања 2026г. ќе организира литературно книжевен портрет на авторот Далибор Стојанов од Кочани. Дата:22.10.2026 Време:17:30ч Место:Мултифункционален центар во Спомен Дом АСНОМ – Делчево

Scroll to top