Галерии

15 Меѓународен фестивал за хумор сатира и карикатура ,, Пијанец 2026 “

Успешно заврши Меѓународниот фестивал на хумор, сатира и карикатура „Пијанец 2026“, кој годинава одбележа значаен 15-годишен јубилеј. Со хумор, сатира, карикатура и уметност, Делчево уште еднаш беше место на креативноста, дружењето и културната размена. 15 години „Пијанец“ – 15 години смеа, уметност и традиција! Проектот е финансиран од страна на Министерство за култура и туризам

Самостојната ликовна изложба „Надеж – Светлина низ темнината“ на Ана Митевска.

Во рамки на манифестацијата „Денови на мојот град – Делчево“, по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија, во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево беше отворена самостојната изложба “Надеж” – светлина низ темнината, на уметницата Ана Митевска. Изложбата е реализирана во соработка со Здружението „Архифакт“ и поддржана од […]

Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во периодот од 17 до 20 јули, е дел од Меѓународниот фолклорен фестивал „Рача – Крагуевац“ во Република Србија.

Покрај концертните настапи, нашите играорци се дел и од летниот фестивалски камп за млади, каде преку фолклорни работилници имаат можност да изучуваат и изведуваат традиционални ора од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија, дружејќи се и разменувајќи искуства со учесници од различни земји. Во рамките на целата програма беше реализирана и посета на Народниот […]

Концерт на класична музика на Дејан Лазаревски

ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО И ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАНУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, со особена чест и задоволство Ве поканува на културни настани: 📅 05.09.2025 (петок), 19:30 часотФоаје на Спомен Дом АСНОМ – Делчево👉 Солистички концерт на класична гитараизведува: Дејан Лазаревски Концертната вечер со Дејан […]

Scroll to top