Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во периодот од 17 до 20 јули, е дел од Меѓународниот фолклорен фестивал „Рача – Крагуевац“ во Република Србија.

Покрај концертните настапи, нашите играорци се дел и од летниот фестивалски камп за млади, каде преку фолклорни работилници имаат можност да изучуваат и изведуваат традиционални ора од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија, дружејќи се и разменувајќи искуства со учесници од различни земји.

Во рамките на целата програма беше реализирана и посета на Народниот музеј „Аранѓеловац“, каде членовите се запознаа со богатото културно и историско наследство на овој крај.

Посетен беше и музејот во Орашац, посветен на Првото српско востание, едно од најзначајните историски места во Србија.

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top