Фолклорната група ,,Вапцаров“-Почесен гостин на Меѓународниот фестивал Рача-Крагуевац-Република Србија
Како почесни гости на Меѓународниот фолклорен фестивал „Рача – Крагуевац“, на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево и Фолклорната група ѝ беше укажана исклучителна чест да го отвори фестивалскиот концерт.
Свеченото отворање беше збогатено со кореографска изведба на песните „Ајде Јано, коло да играмо“ и „Македонско девојче“, во која заеднички настапија сите учесници на фестивалот. Со оваа симболична изведба беше испратена порака за пријателство, заедништво и почитување на културните вредности што ги поврзуваат народите.

Во продолжение, нашата Фолклорна група со гордост ја претстави македонската фолклорна традиција, достојно промовирајќи ја културата и богатото наследство на Македонија.
Упатуваме искрена благодарност до организаторот Културен центар „Радоје Домановиќ“ за топлиот пречек, исклучителното гостопримство, беспрекорната организација и укажаната чест. Ваквите фестивали се вистински мост на пријателството и соработката, а за нас претставуваат драгоцено искуство и голема мотивација и понатаму достојно да ја претставуваме македонската традиција и култура.











