Отворена изложбата на Решат Амети во НУ Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево
НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, синоќа ја отвори ликовната изложба на истакнатиот уметник Решат Амети, автор со значајна меѓународна кариера и богато уметничко творештво.
Решат Амети е роден во 1964 година во Гостивар. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а постдипломските студии ги завршил во Приштина. Добитник е на наградата за животно дело во областа на уметноста и културата.
Ова е втора ликовна изложба што НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ ја реализира во соработка со уметникот Решат Амети.
Неговите дела се дел од бројни музеи, културни институции и приватни колекции, а зад себе има повеќе од 70 самостојни изложби во земјата и странство, меѓу кои во Њујорк, Париз, Берлин, Загреб, Приштина, Бурса и Хамбург. Учествувал и на бројни групни изложби, како на домашната, така и на меѓународната уметничка сцена.
За неговото творештво пишувале истакнати ликовни критичари, историчари на уметноста и познати писатели, препознавајќи го неговиот автентичен уметнички израз и придонес во современата ликовна уметност.
Изложбата претставува уште една можност за љубителите на уметноста да се запознаат со творештвото на еден од истакнатите современи уметници.
Изложбата ќе биде поставена во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево до 23 ноември 2026 година.
Ве покануваме да ја посетите!






















