Книжевен портрет на Габриела Костадинова
НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во рамките на литературно-поетската манифестација „Вапцарови бранувања 2026“, организираше книжевен портрет посветен на авторката Габриела Костадинова.
Преку разговор за нејзиното книжевно творештво, инспирацијата и творечкиот пат, присутните имаа можност поблиску да се запознаат со нејзиниот литературен свет и поетски израз.
Со ваквите настани, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево продолжува да го афирмира пишаниот збор и да создава простор за промоција на авторите и приближување на нивното творештво до публиката







