Дејности

Отворена изложбата на Решат Амети во НУ Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, синоќа ја отвори ликовната изложба на истакнатиот уметник Решат Амети, автор со значајна меѓународна кариера и богато уметничко творештво. Решат Амети е роден во 1964 година во Гостивар. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а постдипломските студии ги завршил во Приштина. Добитник е на […]

ДЕЛЧЕВО ВО РИТАМОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР – СПЕКТАКАКУЛАРНА ВЕЧЕР СО УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ АНСАМБЛ „МАКЕДОНИЈА“!

Една сцена. Една традиција. Илјадници ритми, чекори и емоции што ја раскажаа приказната за македонската култура. Делчево беше исполнето со моќта на македонскиот фолклор, на спектакуларниот целовечерен концерт на Универзитетскиот ансамбл „Македонија“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Со раскошните македонски носии, извонредните кореографии, виртуозните изведби и неверојатната сценска енергија, ансамблот приреди вистински фолклорен спектакл, […]

Женската пејачка група „Ѓурѓа“ со успешен настап на „Вечер на македонска хорска класика“ во Штип

Вечерва женската пејачка група “Ѓурѓа” при НУ Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” -Делчево, на покана од НУ Центар за култура “Ацо Шопов” – Штип и Градскиот камерен хор “АСТИБО” – Штип, настапи на “Вечер на Македонска Хорска класика, Штипски автори и Православна духовна ризница”. Успешното претставување пред Штипската публика беше наградено со громогласен аплауз. […]

ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ – „ЧЕКОРИ НИЗ ВРЕМЕТО: ВНАТРЕШНИОТ РИТАМ“

Во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево е поставена изложба на цртежи изработени со графитен молив и моливи во боја од авторката Марина Убавкова. Изложбата, насловена „Чекори низ времето: Внатрешниот ритам“, претставува визуелно патување инспирирано од балетот, кој авторката го доживува како врвна уметност на рамнотежата помеѓу силата и нежноста, болката и возвишеноста. Преку мотивите […]

НИЗ ИСТОРИЈАТА НА РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ – ЕДУКАТИВНА И КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА

Во организација на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров”- Делчево на ден 21.10.2026година се реализираше едукативна и креативна работилница посветена на Спомен домот на Разловечкото Востание и ликот и делото на Димитар Поп Георгиев Беровски. Голема благодарност до ООУ “Св.Климент Охридски”-Делчево и учениците од подрачното училиште во село Разловци, кои учествуваа во реализацијата на оваа работилница. Учениците […]

„Марко Виденовиќ и Мевлем“

Со уште еден во низата концерти во организација на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” -Делчево, камерна музика и читање современа поезија, го посветуваме на претстојниот државен празник, 23ти октомври, Ден на македонската револуционерна борба. “Марко Виденовиќ и Мевлем” на присутната публика им приредија вистинско музичко доживување, зачинето со читање современа поезија. Благодарност до уметниците за прекрасната […]

ДЕЛЧЕВО – ЦЕНТАР НА ЕТНОКОРЕОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА И ЧУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА!

Успешно реализиран „Семинар на етнокореолози 2026“ во Делчево, во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, посветен на темата „МЕТОДИКА ЗА ИГРООРЕН АНСАМБЛ“. Семинарот обедини студенти од Катедрата за етнокореологија при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, етнокореолози, членови на фолклорни ансамбли и нивни раководители, кои имаа можност да проследат четири стручни […]

Фолклорот нè обединува – „Вапцаров“ гостуваше во Прилеп

Фолклорната група „Вапцаров“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, со својата втора група, гостуваше на фолклорната вечер за деца и млади „ИГРАМЕ ЗАЕДНО – Убавината на различностите“, во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Преку македонската традиционална игра, носија и песна, нашите млади игроорци со гордост ја претставија богатата фолклорна традиција и уште […]

Трио „Ин Медиас Рес“ – врвна музичка уметност во Делчево

Уште еден прекрасен концерт во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, исполнет со врвна музичка изведба, уметност и незаборавни моменти. Трио „Ин Медиас Рес“ приреди музичко доживување со настапот на: Сања Шуплевска-Боирал – виолина Орце Ицковски – фагот Јанинка Невчева – пијано Публиката имаше можност да ужива во разновидна музичка програма и во […]

Камерна музика и современа поезија Марко Виденовиќ и ,,Мевлем“

МАРКО ВИДЕНОВИЌ И „МЕВЛЕМ“„Марко Виденовиќ и Мевлем“ е авторски музичко-поетски проект на композиторот,пијанист и поет Марко Виденовиќ, кој претставува уникатен спој на оригиналнакамерна музика и современа поезија. Ансамблот го сочинуваат:Памела Велкова – виолинаВерица Ајтовска – виолаЕнис Аљи – виолончелоМарко Виденовиќ – пијано, глас и поезијаВо основата на проектот се оригинални композиции создадени специјално заансамблот, во […]

Scroll to top