ДЕЛЧЕВО – ЦЕНТАР НА ЕТНОКОРЕОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА И ЧУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА!
Успешно реализиран „Семинар на етнокореолози 2026“ во Делчево, во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, посветен на темата „МЕТОДИКА ЗА ИГРООРЕН АНСАМБЛ“.
Семинарот обедини студенти од Катедрата за етнокореологија при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, етнокореолози, членови на фолклорни ансамбли и нивни раководители, кои имаа можност да проследат четири стручни предавања посветени на методскиот пристап во работата со игроорен ансамбл.
Предавачи на семинарот беа:
- Проф. д-р Владимир Јаневски
- Доц. м-р Христијан Николовски
- Доц. м-р Силвестер Проле
- м-р Тијана Николовска
Преку стручни излагања и размена на знаења и искуства, беа опфатени четирите клучни сегменти на сценската фолклорна изведба: традиционалната игра, традиционалната песна, традиционалните инструменти и традиционалната носија. Овие сегменти претставуваат нераскинлив дел од македонското фолклорно наследство и се од особено значење за неговото правилно изучување, сценска презентација и пренесување на идните генерации.
На отворањето на семинарот со свои обраќања се обратија директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, господинот Златко Начовски, градоначалникот на Општина Делчево, господинот Иван Гоцевски, како и проф. д-р Владимир Јаневски, кои ја истакнаа важноста на стручната едукација, меѓуинституционалната соработка и континуираната грижа за зачувување и афирмација на македонската фолклорна традиција.
„Семинар на етнокореолози 2026“ претставува значаен придонес кон унапредувањето на знаењата и методските пристапи во работата со игроорните ансамбли, создавајќи можности за професионално усовршување, споделување искуства и зајакнување на соработката меѓу студентите, етнокореолозите и фолклорните дејци.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам.
Со знаење, посветеност и заедничка грижа, ја чуваме традицијата и ја пренесуваме во иднината! 🇲🇰
#СеминарНаЕтнокореолози2026 #Делчево #МетодикаЗаИгрооренАнсамбл #МакедонскиФолклор #Традиција #НУЦКВапцаров #МинистерствоЗаКултураИТуризам


































