Фолклорот нè обединува – „Вапцаров“ гостуваше во Прилеп

Фолклорната група „Вапцаров“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, со својата втора група, гостуваше на фолклорната вечер за деца и млади „ИГРАМЕ ЗАЕДНО – Убавината на различностите“, во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

💃🕺 Преку македонската традиционална игра, носија и песна, нашите млади игроорци со гордост ја претставија богатата фолклорна традиција и уште еднаш покажаа дека љубовта кон фолклорот ги поврзува младите и ја чува нашата културна ризница.

❤️ Благодарност до организаторите за поканата и прекрасната можност за дружење, размена на искуства и заедничко негување на македонскиот фолклор!

Продолжуваме заедно да ја чуваме традицијата и да ја пренесуваме на младите генерации!

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top