Трио „Ин Медиас Рес“ – врвна музичка уметност во Делчево
Уште еден прекрасен концерт во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, исполнет со врвна музичка изведба, уметност и незаборавни моменти.
Трио „Ин Медиас Рес“ приреди музичко доживување со настапот на:
Сања Шуплевска-Боирал – виолина
Орце Ицковски – фагот
Јанинка Невчева – пијано
Публиката имаше можност да ужива во разновидна музичка програма и во спојот на класичната музика, уметноста и емоцијата.
Благодарност до уметниците за прекрасната изведба и до публиката за присуството и поддршката на културните настани во Делчево.
Продолжуваме да создаваме културни доживувања и да ја негуваме уметноста! ![]()
![]()
Проектот е финансиски поддржан од Министерство за култура и туризам.
#НУЦКДелчево#ТриоИнМедиасРес#Култура#МузичкаВечер#Делчево






