Книжевен портрет на Мира Георгиевска

Во рамките на литературно-поетската манифестација „Вапцaрови бранувања 2026“, во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, се одржа книжевен портрет посветен на поетесата и авторка Мира Георгиевска.

Преку разговор за нејзиното творештво, книжевниот пат, инспирацијата и светот што го создава преку пишаниот збор, публиката имаше можност одблизу да се запознае со нејзината авторска личност и литературно творештво.

Мира Георгиевска зад себе има неколку објавени книги, како и бројни награди, признанија и дипломи освоени во земјата и во странство, со што го потврдува својот придонес во современото книжевно творештво.

Книжевните портрети се многу повеќе од претставување на автори и нивните дела – тие се простор за размена на мисли, непосреден разговор, откривање нови вредности и поттикнување на интересот за литературата, особено кај помладите генерации.

На настанот присуствуваше и Сашко Додевски, директор на Центарот за култура од Крива Паланка, чие присуство претставува уште една потврда за значењето на меѓуинституционалната соработка и поврзувањето преку културата.

НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево продолжува да создава простор за книжевни средби, да ги поддржува авторите и да ја доближува литературата до публиката.

„Вапцaрови бранувања“ – зборот што поврзува, творештвото што остава трага!

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top