НИЗ ИСТОРИЈАТА НА РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ – ЕДУКАТИВНА И КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА
Во организација на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров”- Делчево на ден 21.10.2026година се реализираше едукативна и креативна работилница посветена на Спомен домот на Разловечкото Востание и ликот и делото на Димитар Поп Георгиев Беровски.
Голема благодарност до ООУ “Св.Климент Охридски”-Делчево и учениците од подрачното училиште во село Разловци, кои учествуваа во реализацијата на оваа работилница.
Учениците имаа можност да научат нешто повеќе за спомен домот на разловечкото востание и животот и делото на водачот на првото Македонско Востание Димитар Поп Георгиев Беровски.
Центарот за култура ќе продолжи и во иднина да организира вакви креативни работилници на слична тематика се со цел учениците да се запознаат со важноста на спомен домот и разловечкото востание.
Работилницата ја реализираа:
Николчо Гоцевски – Кустос
Емилија Тодоровски – Водич













