Самостојната ликовна изложба „Надеж – Светлина низ темнината“ на Ана Митевска.

Во рамки на манифестацијата „Денови на мојот град – Делчево“, по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија, во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево беше отворена самостојната изложба “Надеж” – светлина низ темнината, на уметницата Ана Митевска.

Изложбата е реализирана во соработка со Здружението „Архифакт“ и поддржана од Министерството за култура и туризам, со цел збогатување на културната понуда и промоција на ликовната уметност во нашиот град.

🖼️ Изложбата ќе биде отворена за посетители секој работен ден, до 17.09.2026, во фоајето на Спомен домот АСНОМ.

Ве покануваме да ја посетите изложбата и да уживате во творештвото на Ана Митевска.

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top