Настап на 41 издание на Истибањско здравоживо во Истибања и Виница.

Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево настапи на свеченото отворање на 41 издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибанско здравоживо“ – Истибања.

Нашите фолклористи се претставија со изворни ора од Пијанечко-малешевскиот регион, пренесувајќи ја автентичната традиција и богатото културно наследство на нашиот крај.

Посебен момент беше симболичното закачување на катанци со желби на мостот на реката Брегалница – со желби за здравје, среќа, љубов и уште многу заеднички средби и убави моменти.

Нашето фестивалско учество продолжува и во среда, кога ќе настапиме на свеченото затворање на фестивалот во Виница.

Со игра, традиција и убави желби продолжуваме да го чуваме македонскиот фолклор!

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top