Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во периодот од 17 до 20 јули, е дел од Меѓународниот фолклорен фестивал „Рача – Крагуевац“ во Република Србија.
Покрај концертните настапи, нашите играорци се дел и од летниот фестивалски камп за млади, каде преку фолклорни работилници имаат можност да изучуваат и изведуваат традиционални ора од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија, дружејќи се и разменувајќи искуства со учесници од различни земји. Во рамките на целата програма беше реализирана и посета на Народниот […]
