Дечињата од летниот камп во посета на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

Во рамките на летниот камп што се реализира во соработка со ООУ „Св. Климент Охридски“, денес имавме задоволство да ги пречекаме најмладите посетители кои покажаа интерес за македонската традиција и културно наследство.

Преку интересно дружење и разговор, дечињата се запознаа со богатството на македонските народни носии, нивната симболика и карактеристиките што ги прават единствени во различните краишта на Македонија. Со голема љубопитност и ентузијазам, тие открија дел од убавината на нашето фолклорно богатство и направија уште еден чекор кон негово негување и зачувување за идните генерации.

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top