ДРАМСКА ДЕЈНОСТ
Драмската дејност е најновата програмска активност на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, формирана со цел да го поттикне развојот на театарската уметност и да создаде нов простор за креативно изразување на младите и сите љубители на драмската сцена.
Преку драмската дејност, Центарот има за цел да организира драмски работилници, театарски претстави, сценски читања и други активности кои ќе придонесат за развој на актерските, сценските и комуникациските вештини. Посебен акцент ќе биде ставен на откривање и поддршка на млади таленти, како и на создавање на сопствени театарски продукции.
Драмската дејност овозможува соработка со професионални актери, режисери, драматурзи и културни институции од земјата, со цел размена на искуства и унапредување на театарска култура во Делчево.


























