XIX Меѓународен конкурс за шлагерна песна „ПЕЈ СРЦЕ“, кој се одржа на 29 и 30 август 2026 година во Ќустендил, Република Бугарија
На XIX Меѓународен конкурс за шлагерна песна „ПЕЈ СРЦЕ“, кој се одржа на 29 и 30 август 2026 година во Ќустендил, Република Бугарија, Женската пејачка група „Ѓурѓа“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево освои ГОЛЕМА НАГРАДА за старо градски песни!
Со својата изведба и негувањето на македонската музичка традиција, нашите пејачки достојно го претставија Делчево и Македонија на ова значајно меѓународно музичко натпреварување.
Горди сме на „Ѓурѓа“!
Честитки до сите членови на групата за заслуженото признание и успехот!
Посебна благодарност упатуваме до Читалиште „Братство 1869“ – Ќустендил за поканата и прекрасното гостопримство, како и за можноста ЖПГ „Ѓурѓа“ да биде дел од XIX Меѓународен конкурс за шлагерна песна „Пеј срце“





