15 години од меѓународниот фестивал „Хумор, сатира и карикатура ПИЈАНЕЦ 2026“.
НУ Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, со поддршка од Министерството за култура и туризам, го организира Меѓународниот фестивал „Хумор, сатира и карикатура ПИЈАНЕЦ 2026“.
Во рамките на фестивалот ќе се одржи промоција на антологијата на европски афоризми „Баукот на афоризмот кружи низ Европа“ од Александар Чотриќ.
Промотори:
Александар Чотриќ
Васил Толески
Миле Ѓорѓијоски
Афоризмите од антологијата ќе ги читаат членовите на Експерименталното театaрче од Делчево, со што публиката ќе има можност афоризмите да ги доживее и преку сценска интерпретација.
Во рамките на фестивалот ќе биде поставена и изложба на портрет-карикатури на познати личности, создадени од ликовниот уметник и карикатурист Кети Радевска од Битола.
Фестивалот за првпат е одржан во 2012 година, а годинава одбележуваме 15 години од неговото постоење – јубилеј посветен на хуморот, сатирата и карикатурата.
Петок, 02.10.2026
19:00 часот
Спомен Дом АСНОМ – фоаје, Делчево
Ве очекуваме на вечер исполнета со хумор, сатира, афоризми, карикатури и добра забава! ![]()


