Ликовна дејност

Отворена изложбата на Решат Амети во НУ Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, синоќа ја отвори ликовната изложба на истакнатиот уметник Решат Амети, автор со значајна меѓународна кариера и богато уметничко творештво. Решат Амети е роден во 1964 година во Гостивар. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а постдипломските студии ги завршил во Приштина. Добитник е на […]

ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ – „ЧЕКОРИ НИЗ ВРЕМЕТО: ВНАТРЕШНИОТ РИТАМ“

Во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево е поставена изложба на цртежи изработени со графитен молив и моливи во боја од авторката Марина Убавкова. Изложбата, насловена „Чекори низ времето: Внатрешниот ритам“, претставува визуелно патување инспирирано од балетот, кој авторката го доживува како врвна уметност на рамнотежата помеѓу силата и нежноста, болката и возвишеноста. Преку мотивите […]

Самостојната ликовна изложба „Надеж – Светлина низ темнината“ на Ана Митевска.

Во рамки на манифестацијата „Денови на мојот град – Делчево“, по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија, во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево беше отворена самостојната изложба “Надеж” – светлина низ темнината, на уметницата Ана Митевска. Изложбата е реализирана во соработка со Здружението „Архифакт“ и поддржана од […]

ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ

Ликовната дејност претставува значаен сегмент од културниот живот во општината. Преку организирање изложби, ликовни колонии, креативни работилници и едукативни програми, Центарот за култура создава можности за афирмација на професионални и млади уметници, како и за развој на ликовната култура кај сите генерации. Во рамките на установата успешно функционира Ликовното студио „Белогаски“, кое со години претставува […]

Scroll to top