ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ

Ликовната дејност претставува значаен сегмент од културниот живот во општината. Преку организирање изложби, ликовни колонии, креативни работилници и едукативни програми, Центарот за култура создава можности за афирмација на професионални и млади уметници, како и за развој на ликовната култура кај сите генерации. Во рамките на установата успешно функционира Ликовното студио „Белогаски“, кое со години претставува место каде што младите ги развиваат своите уметнички способности и љубовта кон ликовната уметност. Делата создадени во студиото редовно се претставуваат пред јавноста преку самостојни и групни изложби. Преку оваа дејност, нашата установа придонесува за развојот на современото ликовно творештво и за збогатување на културната понуда во Делчево.

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top