ФОЛКЛОРНА  ДЕЈНОСТ

Фолклорната дејност е една од најпрепознатливите активности на НУЦК „Н Ј Вапцаров“. Преку негување на изворните песни, ора, народни носии и обичаи, Центарот активно придонесува за зачувување и промоција на македонската традиција и културно наследство. Во рамки на установата успешно работи Фолклорната група „Вапцаров“,  основана во 2009 г. која со своите настапи  на домашни и меѓународни фестивали достојно го претставува нашиот град и македонската фолклорна традиција и култура. Ансамблот брои повеќе од 180 членови, распределени во неколку возрасни групи, кои активно работат на изучување, негување и сценско претставување  на изворниот и стилизираниот македонски фолклор, со особен акцент на Пијанечко – Малешевскиот и Осоговскиот регион. Фолклорната група е член на ЦИОФ, светска организација партнер на УНЕСКО.

Во состав на фолклорната дејност активно учествува и Женската пејачка група „Ѓурѓа“, која со своите песни го збогатува секој културен настан.

НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ редовно организира концерти, фестивали и фолклорни манифестации, создавајќи простор за пренесување на традицијата на младите генерации.

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top