СЦЕНСКО – МУЗИЧКА ДЕЈНОСТ
Сценско -Музичката дејност опфаќа организација и реализација на концерти,театарски претстави, фестивали, детски приредби, културно-уметнички програми и други сценски настани.
НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ соработува со бројни професионални театри, музички и фолклорни ансамбли, солисти и културни институции од државата и странство, овозможувајќи разновидна и квалитетна програма за граѓаните. Со својата современа сценска инфраструктура и професионален пристап, нашата установа претставува главно место за одржување на културни настани во Делчево.
