ИСТОРИЈАТ

НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево со своето долгогодишно постоење и континуирана работа,  со децении е двигател на културниот развој  во општина Делчево и Пијанечкиот крај, создавајќи простор за уметничко творештво, културна едукација и зачувување на националното и културно наследство.

НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров“ својата дејност ја започнува во далечната 1963 година како правен следбеник на правното лице Установа за образование и културна дејност „М.М.Брицо“ -Делчево, основана од Собранието на општина Делчево, како и правен следбеник на работна организација Дом на култура „Никола Јонков Вапцаров“. Во 2003 година го добива статусот Национална Установа Центар за Култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево.   Основач на установата е Владата на Република Северна Македонија.

Во рамките на нашата установа успешно функционираат Фолклорната група „Вапцаров“, Женската пејачка група „Ѓурѓа“ како и ликовното студио „Белогаски“. Нашата установа е организатор на повеќе традиционални културни манифестации меѓу кои се: Детскиот фестивал „Пијанечки бисери“, Фестивалот на староградска песна „Делчевска серенада“, „Саем на стари занаети“, литературната манифестација „Вапцарови бранувања“ и меѓународниот фестивал „Голачки фолклорни средби“. 

Денес НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ продолжува да ја исполнува својата мисија да биде современ културен центар, посветен на развојот на уметноста, поддршка на младите таленти, зачувување на културното наследство и создавање културни вредности за сегашните и идни генерации.

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top