Најава за целовечерен концерт на Академски хор ,,Мирче Ацев“-Скопје

Со особена чест ве покануваме на целовечерниот концерт на еден од најреномираните македонски хорови, Академскиот хор „Мирче Ацев“ – Скопје под диригентство на Ангела Рајчиноска.

19.06.2026 (петок) Спомен Дом АСНОМ – Делчево

Почеток: 20:30 часот

Влез: 200 денари

Најзначајни меѓународни успеси:

-Прва награда – Ланголен, Англија (1962)

-Трета награда – Корк, Ирска (1973)

-Прва награда – Мидлсбро, Англија (1984)

-Два сребрени дипломи – Будимпешта, Унгарија (1997)

-Два сребрени дипломи – Линденхолцхаузен, Германија (2005)

-Специјална награда за најдобро изведена фолклорна програма – Веспрем, Унгарија (2008)

-„Златна значка“ – Меѓународни хорски свечености, Ниш (2012)

-Прво место – Виена, Австрија (2024) меѓу повеќе од 1.500 учесници, проследено со концерт во салата на Виенската филхармонија

-Настап во Грац, Австрија (2025)

Вечер исполнета со врвна хорска музика, македонска традиција и незаборавни изведби.

Резервирајте си место на време – бројот на карти е ограничен!

Карти може да набавите во просториите на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево и на билетарата кај кино салата.

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top