Горди сме на успесите на нашите играорки

Директорот на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево денес имаше чест да ги прими првенците на генерацијата од двете основни училишта во нашиот град – Ирина и Сара, како признание за нивниот извонреден успех, труд и посветеност.

Особено сме горди што Ирина и Сара се и долгогодишни, активни и посветени членови на Фолклорната група при НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево. Со својата љубов кон македонската традиција, одговорност и талент, тие достојно го претставуваат нашиот Центар и се вистински пример за младите генерации.

Од срце им честитаме за ова големо признание и им посакуваме многу здравје, среќа, нови успеси и остварување на сите нивни соништа. Нека ова биде само почеток на еден успешен и исполнет животен пат.

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top