Претставување на учесниците – 31 Голачки фолклорни средби 2026
Со особена чест Ви го претставуваме Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ – Кавадарци, еден од најстарите и најреномираните фолклорни ансамбли во Македонија.
Основан во 1953 година, ансамблот повеќе од седум децении посветено го чува, негува и промовира македонското фолклорно богатство. Делува во рамките на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци и претставува вистински амбасадор на македонската традиција.

Со бројни настапи на домашни и меѓународни фестивали и турнеи низ Европа, ансамблот достојно ја претставува Македонија, освојувајќи ја публиката со автентични изведби, богати народни носии и врвни сценски настапи.
Нивниот репертоар опфаќа традиционални ора, песни и обичаи од сите краеви на Македонија, како и стилизирани кореографии кои на достоинствен начин го пренесуваат духот на македонското народно творештво.
На 31. Голачки фолклорни средби, публиката ќе има можност да ужива во настапот на овој врвен ансамбл и заедно да ја почувствуваме убавината на македонската традиција.
Добредојдовте, Фолклорен ансамбл „Тиквеш“ – Кавадарци!




