ЗА НАС

НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“-Делчево е јавна културна установа посветена  на развојот, промоцијата и зачувувањето на културните вредности. Преку богата програма од театарски претстави, концерти, ликовни изложби, фестивали, филмски проекции,литературни промоции, работилници и едукативни содржини, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ претставува место каде што се среќаваат традицијата, уметноста и современото творештво.  

Со долгогодишна традиција и активна соработка со домашни и меѓународни културни институции, нашата цел е да ја доближиме културата до сите граѓани и да создадеме простор за развој на младите таленти и афирмација на уметниците.

Нашата мисија е да создаваме, развиваме и промовираме квалитетни културни содржини достапни за сите граѓани, да поттикнуваме уметничко творештво и да придонесуваме за зачувување и афирмација на културното наследство.

НУЦК „Н Ј Вапцаров“ се стреми да биде современ,  отворен и препознатлив културен центар, кој преку иновативни програми, меѓународна соработка и активно вклучување на младите ќе придонесува за развојот на културата во Делчево и пошироко.

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top