Фолклорната група ,,Вапцаров“ и Женската група ,,Ѓурѓа“ со целовечерен концерт во Добриниште – Република Бугарија
На покана на Народно читалиште „Димитар Благоев – 1925“ – Добриниште, Република Бугарија, фолклорната група „Вапцаров“ и женската пејачка група „Ѓурѓа“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, учествуваа на културната манифестација „Добринишко лето 2026“.


На плоштадот во Добриниште, нашите уметници пред бројната публика одржаа целовечерен концерт, исполнет со македонска традиција, музика, песна и игра. ![]()
![]()
Фолклорната група „Вапцаров“ ги претстави македонските народни игри преку своите атрактивни кореографии, додека женската пејачка група „Ѓурѓа“ изведе староградски македонски песни, пренесувајќи ја убавината и богатството на македонската вокална традиција.
Благодарност до Народно читалиште „Димитар Благоев – 1925“ – Добриниште за поканата, гостопримството и прекрасната можност за уште едно заедничко културно дружење и размена на традицијата меѓу двете земји.
Нека живеат фолклорот, песната и традицијата!






