Одлична иницијатива на нашите иселеници во Италија за формирање на ново културно-уметничко друштво

Одлична иницијатива на нашите иселеници во Италија за формирање на ново културно-уметничко друштво, преку кое ќе се негуваат, презентираат и пренесуваат македонските традиции, фолклорот и културното наследство.

Оваа иницијатива произлезе од разговорот помеѓу директорот на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” – Делчево, Златко Начовски и нашата иселеничка во Италија, г-ѓа Царка Јовановска.

Денес во просториите на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево гостин ни беше г-ѓа Царка Јовановска, со која разменивме искуства и знаења од областа на фолклорот.

Во разговорот со нашиот Соработник за фолклор и сценско уметничка дејност Кристијан Трајановски беа споделени стручни совети и мислења во врска со формирањето и функционирањето на групата, начинот на броење и поставување на чекорите, распоредот и поделбата на групите, како и други прашања поврзани со работата на едно културно-уметничко друштво.

Центарот за култура ќе биде секогаш отворен за соработка и размена на искуства и знаења.

🌟 Им честитаме на иницијативата и ентузијазмот!

Им посакуваме многу успех во работата, бројни настапи, фестивали и незаборавни моменти, со желба македонскиот фолклор достојно да се претставува и да живее и надвор од границите на нашата татковина.

Со песна, игра и традиција – да го чуваме македонскиот дух!

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top