Вива Стрингс – музичка вечер исполнета со елеганција и врвна уметност!
Несекојдневно доживување, во прекрасна атмосфера беше реализиран концертот на „Вива Стрингс“, класичен камерен состав во кој настапуваат две виолини, виола и виолончело.
Публиката имаше можност да ужива во врвни музички изведби со македонска музика од четворицата искусни музичари, кои се дел од Македонската филхармонија.
Со својот професионализам, емоционалната интерпретација и прекрасниот звук на гудачките инструменти, „Вива Стрингс“ приредија музичка вечер за паметење. ![]()
![]()
Благодарност до музичарите за прекрасниот концерт и до публиката која со своето присуство и аплаузи ја збогати оваа културна вечер.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.





