Нов туристички културен информатор при НУ Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров”- Делчево
Официјално беше пуштен во употреба првиот туристички културен информатор при НУ Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров”- Делчево на кој покрај директорот на Центарот за култура г-дин Златко Начовски беа присутни и градоначалникот на Општина Делчево г-дин Иван Гоцевски и министерот за дигитална трансформација г-дин Стефан Андоновски со чија нивна соработка и поддршка беше реализиран овој проект.
Со овој туристички културен информатор посетителите но и нашите сограѓани ќе можат на едно место да добијат информации за културните, историските, природните локалитети, туристичките содржини што ги нуди Делчево и сите културни настани.






