Камерен концерт на дуото класична гитара „Дуо Милонга“, составено од Александра Кировска и проф. Дејан Лазаревски.
На концертот публиката има можност да ужива во уметноста на класичната гитара, преку музичка интерпретација на двајца исклучителни музичари со богато концертно искуство.
Александра Кировска е млада и талентирана гитаристка, која уште од најрана возраст покажува исклучителен интерес и надареност за музиката. Таа има настапувано на бројни концерти, натпревари, фестивали и семинари во земјата и странство, како солист и како дел од камерни состави. Во својата кариера има соработувано со реномирани музичари и настапувано со Македонската филхармонија, како и на значајни меѓународни музички настани.
Проф. Дејан Лазаревски е вонреден професор по гитара на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Своето музичко образование го стекнал во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип и на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Од 2009 година активно работи како професор по гитара, а истовремено настапува како солист и камерен музичар на бројни концерти и фестивали во земјата и странство.
Посебно внимание бише посветено на „Дуо Милонга“, во кое класичната гитара добива нова димензија преку заедничката интерпретација на двајцата уметници.
Проектот е поддржан од страна на Министерството за култура и туризам.




