ДЕЛЧЕВО ВО МАГИЈАТА НА РОМАНТИЗМОТ: МОЌНИОТ ГЛАС НА МАРИЈА ЃОРЃИЕВСКА И ПИЈАНСКИТЕ НОТИ НА ТАМАРА КОМИНОВСКА СОЗДАДОА МУЗИЧКА ВЕЧЕР ЗА ПАМЕТЕЊЕ!

Во прекрасна атмосфера и пред љубителите на класичната музика, вечерва во фоајето на Спомен Дом АСНОМ – Делчево се одржа солистичкиот концерт „Гласот на романтизмот“.

🎶 Сопранистката Марија Ѓорѓиевска, придружувана од пијанистката Тамара Коминовска, приредија музичка вечер исполнета со емоции, раскошни вокални интерпретации и безвременската убавина на романтичарската музика.

Публиката имаше можност да ужива во врвните музички изведби, кои уште еднаш ја потврдија моќта на музиката да допре до срцата и да создаде незаборавни моменти.

🎹 НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево упатува искрена благодарност до уметниците и публиката за прекрасната музичка вечер.

Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам.

#НУЦКДелчево#ГласотНаРомантизмот#КласичнаМузика#КултураИУметност

За авторот на оваа објава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top