ДЕЛЧЕВО ПОДГОТВЕНО ЗА ВРВНА МУЗИЧКА ВЕЧЕР: ТРИОТО „ИН МЕДИАС РЕС“ ДОАЃА СО УНИКАТЕН СПОЈ НА КЛАСИКАТА И СОВРЕМЕНИОТ МУЗИЧКИ ИЗРАЗ!
Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“-Делчево ве поканува на концерт на триото „Ин медиас рес“ на 16 октомври 2026 година, почеток 19 часот во Фоајето на Спомен Дом„АСНОМ“.
Публиката ќе има ретка можност да ужива во разновидна музичка програма што ги спојува класичната музичка традиција и современите музички изрази !

