Дејности

ДЕЛЧЕВО ПОДГОТВЕНО ЗА ВРВНА МУЗИЧКА ВЕЧЕР: ТРИОТО „ИН МЕДИАС РЕС“ ДОАЃА СО УНИКАТЕН СПОЈ НА КЛАСИКАТА И СОВРЕМЕНИОТ МУЗИЧКИ ИЗРАЗ!

Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“-Делчево ве поканува на концерт на триото „Ин медиас рес“ на 16 октомври 2026 година, почеток 19 часот во Фоајето на Спомен Дом„АСНОМ“. Публиката ќе има ретка можност да ужива во разновидна музичка програма што ги спојува класичната музичка традиција и современите музички изрази !

ДЕЛЧЕВО ВО МАГИЈАТА НА РОМАНТИЗМОТ: МОЌНИОТ ГЛАС НА МАРИЈА ЃОРЃИЕВСКА И ПИЈАНСКИТЕ НОТИ НА ТАМАРА КОМИНОВСКА СОЗДАДОА МУЗИЧКА ВЕЧЕР ЗА ПАМЕТЕЊЕ!

Во прекрасна атмосфера и пред љубителите на класичната музика, вечерва во фоајето на Спомен Дом АСНОМ – Делчево се одржа солистичкиот концерт „Гласот на романтизмот“. Сопранистката Марија Ѓорѓиевска, придружувана од пијанистката Тамара Коминовска, приредија музичка вечер исполнета со емоции, раскошни вокални интерпретации и безвременската убавина на романтичарската музика. Публиката имаше можност да ужива во врвните […]

Од најмали нозе – љубов кон македонскиот фолклор

Денес, со Фолклорната група „Вапцаров“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, бевме гости во ОЈУДГ „Весели Цветови“ – Делчево, по повод Неделата на детето. Со песна, игра, музика и македонската традиционална носија, заедно со најмалите уживавме во прекрасна дружба и им ја приближивме љубовта кон македонскиот фолклор и традиција. Благодарност до вработените во ОЈУДГ […]

ГЛАСОТ НА РОМАНТИЗМОТ – СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ

Ве покануваме на музичка вечер исполнета со емоција, убавина и звуците на романтизмот. Марија Ѓорѓиевска – сопран Тамара Коминовска – пијано Марија Ѓорѓиевска, сопран со богато концертно искуство и настапи на домашни и меѓународни сцени, заедно со пијанистката и корепетитор Тамара Коминовска, магистер по музички уметности, ќе ни приредат незаборавна музичка вечер. 09.10.2026 (петок) 19:00 […]

Ликовната работилница „Сплет на професии преку комбинирани техники“

На 01.10.2026 година, во Градскиот парк во Делчево, успешно се реализираше ликовната работилница „Сплет на професии преку комбинирани техники“. Учесниците преку креативност, имагинација и различни ликовни техники создаваа дела инспирирани од светот на професиите. Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам.

Во посета на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” -Делчево и Музејот беа во посета Локалниот и археолошки музеј “Теракота” – Виница и Дневниот центар за лицата со попреченост од Виница.

Во посета на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” -Делчево и Музејот беа во посета Локалниот и археолошки музеј “Теракота” – Виница и Дневниот центар за лицата со попреченост од Виница. Нашите денешни гости имаа можност да ги разгледаат археолошките и етнолошките предмети и другите содржини во Музејот. Им благодариме за нивната посета

Камерен концерт на дуото класична гитара „Дуо Милонга“, составено од Александра Кировска и проф. Дејан Лазаревски.

На концертот публиката има можност да ужива во уметноста на класичната гитара, преку музичка интерпретација на двајца исклучителни музичари со богато концертно искуство. Александра Кировска е млада и талентирана гитаристка, која уште од најрана возраст покажува исклучителен интерес и надареност за музиката. Таа има настапувано на бројни концерти, натпревари, фестивали и семинари во земјата и […]

МЈУЗИКЛ „ТРИТЕ МУЗИЧКИ ПРАСИЊА“

Во рамките на манифестацијата „Денови на мојот град – Делчево“, по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија, денес најмладата публика уживаше во прекрасниот детски мјузикл „Трите музички прасиња“. Со многу музика, весели моменти, смеа и детска радост, најмладите ја исполнија салата и создадоа прекрасна атмосфера. Претставата заврши со […]

Настап на 41 издание на Истибањско здравоживо во Истибања и Виница.

Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево настапи на свеченото отворање на 41 издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибанско здравоживо“ – Истибања. Нашите фолклористи се претставија со изворни ора од Пијанечко-малешевскиот регион, пренесувајќи ја автентичната традиција и богатото културно наследство на нашиот крај. Посебен момент беше симболичното закачување на катанци со желби на […]

Scroll to top