Настани

15 Меѓународен фестивал за хумор сатира и карикатура ,, Пијанец 2026 “

Успешно заврши Меѓународниот фестивал на хумор, сатира и карикатура „Пијанец 2026“, кој годинава одбележа значаен 15-годишен јубилеј. Со хумор, сатира, карикатура и уметност, Делчево уште еднаш беше место на креативноста, дружењето и културната размена. 15 години „Пијанец“ – 15 години смеа, уметност и традиција! Проектот е финансиран од страна на Министерство за култура и туризам

Ликовната работилница „Сплет на професии преку комбинирани техники“

На 01.10.2026 година, во Градскиот парк во Делчево, успешно се реализираше ликовната работилница „Сплет на професии преку комбинирани техники“. Учесниците преку креативност, имагинација и различни ликовни техники создаваа дела инспирирани од светот на професиите. Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам.

Во посета на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” -Делчево и Музејот беа во посета Локалниот и археолошки музеј “Теракота” – Виница и Дневниот центар за лицата со попреченост од Виница.

Во посета на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” -Делчево и Музејот беа во посета Локалниот и археолошки музеј “Теракота” – Виница и Дневниот центар за лицата со попреченост од Виница. Нашите денешни гости имаа можност да ги разгледаат археолошките и етнолошките предмети и другите содржини во Музејот. Им благодариме за нивната посета

15 години од меѓународниот фестивал „Хумор, сатира и карикатура ПИЈАНЕЦ 2026“.

НУ Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, со поддршка од Министерството за култура и туризам, го организира Меѓународниот фестивал „Хумор, сатира и карикатура ПИЈАНЕЦ 2026“. Во рамките на фестивалот ќе се одржи промоција на антологијата на европски афоризми „Баукот на афоризмот кружи низ Европа“ од Александар Чотриќ. Промотори: Александар Чотриќ Васил Толески Миле […]

ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ ВО ДЕЛЧЕВО !

Подгответе се за вечер исполнета со многу смеа, искреност и одлична забава! НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево Ве поканува на стендап шоуто „Менопауза“ со Тијана Дапчевиќ! 07.10.2026 година Почеток: 20:00 часот Сала „Спомен Дом АСНОМ“ – Делчево Влез: 500 денари Карти може да си набавите во: • НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ • Урбан кафе […]

“Солза и смеа” со најновата премиера во Делчево

“Солза и смеа” со најновата премиера во Делчево на 16.09.2026 година во НУЦK “Никола Јонков-Вапцаров” со почеток во 20h. Станува збор за урнебесно стендап шоу “Ја мишките”, заедно со Џевдет, Стојче и Надире, кои ќе ве насмеат до солзи!! Со ова урнебесно стендап шоу театарот “Солза и смеа” постојано ги полни салите низ цела Македонија, […]

Камерен концерт на дуото класична гитара „Дуо Милонга“, составено од Александра Кировска и проф. Дејан Лазаревски.

На концертот публиката има можност да ужива во уметноста на класичната гитара, преку музичка интерпретација на двајца исклучителни музичари со богато концертно искуство. Александра Кировска е млада и талентирана гитаристка, која уште од најрана возраст покажува исклучителен интерес и надареност за музиката. Таа има настапувано на бројни концерти, натпревари, фестивали и семинари во земјата и […]

МЈУЗИКЛ „ТРИТЕ МУЗИЧКИ ПРАСИЊА“

Во рамките на манифестацијата „Денови на мојот град – Делчево“, по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија, денес најмладата публика уживаше во прекрасниот детски мјузикл „Трите музички прасиња“. Со многу музика, весели моменти, смеа и детска радост, најмладите ја исполнија салата и создадоа прекрасна атмосфера. Претставата заврши со […]

Настап на 41 издание на Истибањско здравоживо во Истибања и Виница.

Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево настапи на свеченото отворање на 41 издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибанско здравоживо“ – Истибања. Нашите фолклористи се претставија со изворни ора од Пијанечко-малешевскиот регион, пренесувајќи ја автентичната традиција и богатото културно наследство на нашиот крај. Посебен момент беше симболичното закачување на катанци со желби на […]

Самостојната ликовна изложба „Надеж – Светлина низ темнината“ на Ана Митевска.

Во рамки на манифестацијата „Денови на мојот град – Делчево“, по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија, во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево беше отворена самостојната изложба “Надеж” – светлина низ темнината, на уметницата Ана Митевска. Изложбата е реализирана во соработка со Здружението „Архифакт“ и поддржана од […]

Scroll to top