Актуелно

Запознајте ги учесниците на 31 издание на „Голачки фолклорни средби“!

Во пресрет на 31 издание на „Голачки фолклорни средби“, во наредните денови ќе Ви ги претставиме учесниците кои ќе бидат дел од овогодинешната фолклорна манифестација. Преку посебни објави ќе имате можност да се запознаете со фолклорните ансамбли и културно-уметничките друштва, пејачки групи нивната историја, традиција и богатото културно наследство што ќе го донесат на сцената […]

Фолклорната група ,,Вапцаров“-Почесен гостин на Меѓународниот фестивал Рача-Крагуевац-Република Србија

Како почесни гости на Меѓународниот фолклорен фестивал „Рача – Крагуевац“, на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево и Фолклорната група ѝ беше укажана исклучителна чест да го отвори фестивалскиот концерт. Свеченото отворање беше збогатено со кореографска изведба на песните „Ајде Јано, коло да играмо“ и „Македонско девојче“, во која заеднички настапија сите учесници на фестивалот. […]

Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во периодот од 17 до 20 јули, е дел од Меѓународниот фолклорен фестивал „Рача – Крагуевац“ во Република Србија.

Покрај концертните настапи, нашите играорци се дел и од летниот фестивалски камп за млади, каде преку фолклорни работилници имаат можност да изучуваат и изведуваат традиционални ора од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија, дружејќи се и разменувајќи искуства со учесници од различни земји. Во рамките на целата програма беше реализирана и посета на Народниот […]

Дечињата од летниот камп во посета на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

Во рамките на летниот камп што се реализира во соработка со ООУ „Св. Климент Охридски“, денес имавме задоволство да ги пречекаме најмладите посетители кои покажаа интерес за македонската традиција и културно наследство. Преку интересно дружење и разговор, дечињата се запознаа со богатството на македонските народни носии, нивната симболика и карактеристиките што ги прават единствени во […]

Македонскиот фолклор одекна на 36. Меѓународен фолклорен фестивал „Косидба на Балканот – Меморијал Лазар Лакета“

Фолклорната група „Вапцаров“ при НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во периодот од 3 до 6 јули, успешно учествуваше на 36. Меѓународен фолклорен фестивал „Косидба на Балканот – Меморијал Лазар Лакета“-Мркоњиќ град, Република Српска, каде достојно ги претстави македонската традиција, фолклор и културно наследство. На фестивалот, членовите на фолклорната група настапија со […]

Горди сме на успесите на нашите играорки

Директорот на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево денес имаше чест да ги прими првенците на генерацијата од двете основни училишта во нашиот град – Ирина и Сара, како признание за нивниот извонреден успех, труд и посветеност. Особено сме горди што Ирина и Сара се и долгогодишни, активни и посветени членови на […]

Најава за целовечерен концерт на Академски хор ,,Мирче Ацев“-Скопје

Со особена чест ве покануваме на целовечерниот концерт на еден од најреномираните македонски хорови, Академскиот хор „Мирче Ацев“ – Скопје под диригентство на Ангела Рајчиноска. 19.06.2026 (петок) Спомен Дом АСНОМ – Делчево Почеток: 20:30 часот Влез: 200 денари Најзначајни меѓународни успеси: -Прва награда – Ланголен, Англија (1962) -Трета награда – Корк, Ирска (1973) -Прва награда […]

Обезбедена нова техничка опрема за вработените во НУ Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров“-Делчево

После долги години НУ Центар за култура ,, Никола Јонков Вапцаров “ Делчево добива нова техничка опрема за подобри услови за работа и реализација на програмските активности. Новата техничка опрема содржи персонални компјутери, лаптопи и проектори со платна. Поддршката на овие проекти е финансирана од Министерството за култура и туризам. Оваа современа опрема ќе придонесе […]

Благодарност на сите кои учествуваа во реализацијата на 150 годишнината од Разловечкото востание

Почитувани,НУЦК ,, Никола Јонков Вапцаров” -Делчево како носител на проектот за одбележување на 150 год. од Разловечко востание, поддржан од Министерството за култура и туризам, заедно со Општина Делчево, активно учествуваше во организацијата за одбележување на 150 години од Разловечкото востание. Покрај самата организација за овој голем јубилеј, нашата установа паралелно работеше и на внатрешното […]

Scroll to top