Актуелно

Самостојната ликовна изложба „Надеж – Светлина низ темнината“ на Ана Митевска.

Во рамки на манифестацијата „Денови на мојот град – Делчево“, по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија, во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево беше отворена самостојната изложба “Надеж” – светлина низ темнината, на уметницата Ана Митевска. Изложбата е реализирана во соработка со Здружението „Архифакт“ и поддржана од […]

XIX Меѓународен конкурс за шлагерна песна „ПЕЈ СРЦЕ“, кој се одржа на 29 и 30 август 2026 година во Ќустендил, Република Бугарија

На XIX Меѓународен конкурс за шлагерна песна „ПЕЈ СРЦЕ“, кој се одржа на 29 и 30 август 2026 година во Ќустендил, Република Бугарија, Женската пејачка група „Ѓурѓа“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево освои ГОЛЕМА НАГРАДА за старо градски песни! Со својата изведба и негувањето на македонската музичка традиција, нашите пејачки достојно го претставија […]

Фолклорната група „Вапцаров“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево учествуваше на „Етно плоштад и фестивал 2026“ во Берово.

Со својата енергија, традиционални носии и автентични фолклорни кореографии, нашите фолклористи ја збогатија фестивалската програма, заедно со гостите и учесниците од Хрватска, Србија и Македонија. Преку песната, играта и традицијата, фестивалот уште еднаш покажа дека фолклорот ги поврзува народите и ги чува културните вредности од минатото за идните генерации. Благодарност до организаторите за поканата и […]

Вива Стрингс – музичка вечер исполнета со елеганција и врвна уметност!

Несекојдневно доживување, во прекрасна атмосфера беше реализиран концертот на „Вива Стрингс“, класичен камерен состав во кој настапуваат две виолини, виола и виолончело. Публиката имаше можност да ужива во врвни музички изведби со македонска музика од четворицата искусни музичари, кои се дел од Македонската филхармонија. Со својот професионализам, емоционалната интерпретација и прекрасниот звук на гудачките инструменти, […]

Одлична иницијатива на нашите иселеници во Италија за формирање на ново културно-уметничко друштво

Одлична иницијатива на нашите иселеници во Италија за формирање на ново културно-уметничко друштво, преку кое ќе се негуваат, презентираат и пренесуваат македонските традиции, фолклорот и културното наследство. Оваа иницијатива произлезе од разговорот помеѓу директорот на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” – Делчево, Златко Начовски и нашата иселеничка во Италија, г-ѓа Царка Јовановска. Денес во просториите на […]

Фолклорната група ,,Вапцаров“ и Женската група ,,Ѓурѓа“ со целовечерен концерт во Добриниште – Република Бугарија

На покана на Народно читалиште „Димитар Благоев – 1925“ – Добриниште, Република Бугарија, фолклорната група „Вапцаров“ и женската пејачка група „Ѓурѓа“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, учествуваа на културната манифестација „Добринишко лето 2026“. На плоштадот во Добриниште, нашите уметници пред бројната публика одржаа целовечерен концерт, исполнет со македонска традиција, музика, песна и игра. […]

Женската пејачка група „Ѓурѓа“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, настапи на XVI Меѓународен фестивал на серенада „Саноќ седам“ – Радовиш 2026.

Со својот настап, ЖПГ „Ѓурѓа“ го претстави Делчево и богатото македонско вокално фолклорно наследство, придонесувајќи кон убавината и разновидноста на фестивалската вечер. Фестивалот е во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш, а покровител е Општина Радовиш.

Говорот на Директорот на НУКЦ “Никола Јонков Вапцаров” Делчево Златко Начовски на 31 Голачки фолклорни средби

Почитуван градоначалник на општина Делчево, г-дин Иван Г. Почитуван епископ на Делчевско-каменичката епархија – г-дин Марко Почитувани градоначалници од општините Новело, Родино и Монфорте Д’алба Почитуван претседател на советот на општина Делчево, г-дин Николчо С. Почитувани претставници на институциите, Почитувани учесници, драги сограѓани и љубители на македонската традиција, Добровечер! Дозволете ми во името на НУЦК […]

Scroll to top